Купуваме заедно лого

По Ваше барање можноста да земете пијалоци што ви требаат, а да платите само она што ќе го потрошите односно испиете веќе достапна.

Многу пати сме се нашле со една невообичаена ситуација. Повеќето од нас во текот на годината имаат разни поводи да прославуваат. Некогаш со повеќе некогаш со помалку гости, пријатели, роднини.

Она што секогаш се случува е пијалокот кој најмалку мислиме дека ќе се потроши всушност прв се троши и многу пати сме се довеле во ситуација да ги снема омилените пијалоци.

Но, тоа веќе може да биде минато. Купуваме заедно со цел да излезе во пресрет на своите членови овозможи една нова несејкојднева можност. Не само што овозможуваме Вашите омилени пијалоци да ги набавите по цени пониски и до 20% од супермаркет цените туку нудиме можност сите пијалоци што не сте ги употребиле, а сте ги набавиле за вашата прослава, да ги вратите и за истите да ви се рефундираат Вашите средства 100%.

Како би изгледало сето тоа низ пример.

Сакате Вашате забава да биде незаборавна. Изборот на пијалоци да биде голем, а количините да бидат доволни. Наместо да се двоумите од кои пијалоци да набавите по 2, 3, 4 или повеќе шишиња ние Ви нудиме можност да земете од сите пијалоци онолку колку што мислите дека навистина ви се потребни. Пример по 5 шишиња. На овој начин не само што ќе имате од сите пијалоци доволен број туку и Вашиот избор наместо да го сведете на два три вида пијалоци можете да го направите многу поголем – 10-тина па дури и избор од 20 видови пијалоци.

Кога ќе заврши Вашата прослава сите шишиња оригинално спакувани што не се употребени можете слободно да ги вратите и парите за истите ќе ви се рефундираат 100% што значи ќе ги платите само оние пијалоци – шишиња кои сте ги отвориле.

Во моментот Купуваме заедно има ажурирано повеќе од 1.000 видови на пијалоци. Тековно се ажурираат нови заедно со соодветни фотографии.

Резервациите на Вашите пијалоци може да направите веднаш. Информација за превземање или испорака на направените резервации е до 2 работни дена.

Доколку имате потреба од хитна нарачка за прослава, слава или друг настан контактирајте не телефонски на 077.807772 или со е-пошта на info@kupuvamezaedno.com.

Сите резервациите на производи се проследуваат до овластен дистрибутер и/или продавница за пијалоци кои понатаму Ве контактира и ја реализира Вашата резервација согласно со условите кои сте ја направиле.

Резервираните производите може да ги превземате лично без дополнителни трошоци или истите да бидат доставени по овластена курирска достава на Вашата адреса по цена за курирска достава.

============
■ НАПОМЕНА ■ 
За резервација и купување на алкохолни пијалоци согласно законските прописи морате да имате повеќе од 18 години. Испораките и превземањето од овластените продавници и дистрибутери се врши согласно законските прописи до 19:00 часот.