Зошто заедно....

about-usimage

 

 

Купуваме заедно е концепт за нов начин на онлајн купување преку резервација на производи - пијалоци. Со нашиот систем за резервација овозможуваме саканите производи - пијалоци понудени исклучиво во онлајн резервација да бидат купени по производни и/или дистрибутивни цени. На овој начин Вие како краен потрошувач би заштедиле и до 20% на истите производи - пијалоци од супермаркет цените на истите.

Резервираните производите може да се превземат лично без дополнителни трошоци или истите да бидат доставени по овластена курирска достава на Вашата адреса по цена за курирска достава.

Како изгледа низ пример 

Ако одреден ПИЈАЛОК од 1 литар (во случајов Johnny Walker од 1 литар) во некои од супермаркетите може да се набави по цена од:

■ ВЕРО цена: 1.272,00 ден
■ РАМСТОР цена: 1.269,00 ден
■ Остананите маркети 1.250,00-1295,00 ден

тогаш со КУПУВАМЕ ЗАЕДНО - цената преку резервација на истиот пијалок би била 1.050,00 ден при што    ЗАШТЕДАТА ИЗНЕСУВА     20%

За да го реализираме целокупниот концепт потребна ни е Ваша резервација и подршка. Резервациите на производи - пијалоци се проследуваат до овластен дистрибутер или продавница за пијалоци кои понатаму Ве контактира и ја реализира Вашата резервација согласно условите со кои сте ја направиле.

Ваша резервација на производи - пијалоци можете веднаш да ја направите на страната на kupuvamezaedno.com  Сите примени резервации се реализираат во рок од 48 часа во периодот од 12:00 до 18:30 часот.

За секоја Ваша резервација ќе бидете дополнително контактирани за конфирмација на условите за плаќање и испорака телефонски или со е-пошта.

Доколку одредени производи не се понудени во нашиот систем за резервација за купување по дисконтни цени истите можете да ни ги препорачате. За предложените производи ќе ги контактираме овластените дистрибутери, увозници и/или производители и понудените цени од истите ќе бидат објавени во нашиот систем. 

Доколку сте овластен дистрибутер, увозник и/или производител можете да ги понудите Вашите производи по Ваши цени.

За повеќе информации, предлози и сугестии можете да не контактирате на следната е-пошта: info@kupuvamezaedno.com

НАПОМЕНА: За резервација за купување на производи - алкохолни пијалоци потребно е да имате повеќе од 18 години. Доставата на алкохолни пијалоци се прави согласно законските прописи.